Почетна Убавина и здравјеБев човек кој никогаш не помислуваше дa се отсели од Македонија. Верував дека е најдобрата земја во Светот, мојата родна земја…

Бев човек кој никогаш не помислуваше дa се отсели од Македонија. Верував дека е најдобрата земја во Светот, мојата родна земја…

од nenad
2 минути читај за

Туѓина, јабана.

Бев човек кој никогаш не помислуваше дека ќе се отсели од Македонија. Верував дека е најдобрата земја во Светот, мојата родна земја, земја која ја сакам. Земја на природата, лулка на цивилизацијата. Проколната земја. Во моментот кога сфатив дека нема оправање, дека ниту ние, ниту нашите деца нема да го дочекаат моментот кога работите ќе тргнат на подобро решив да заминам.

За релативно кратко време најдов работа, ми ги средија документите па се спакувавме и заминавме.

Не ни беше лесно или сеедно, но се тешевме дека ете блиску е, и ако не ја бива ќе се вратиме. Демек ваму нема да ја биде, а доле е супер. 🙈

Реално Македонија е супер земја за живеење. Земја во која ако немаш врски не можеш ни во ВЦ да отидеш. Супер земја за живеење додека не ти затреба нешто што не е за “обичниот” народ. Кај нас тоа е: здравство, школство, судство, јавна администрација.. во принцип сè што е нормално достапно за сите граѓани во секоја нормална држава. Во Македонија си пресреќен човек ако добиеш нешто од ова во редовна процедура без да треба да свртиш телефон. Генерално ако не знаеш “некој” за да завршиш работа на шалтер, треба денови од одмор да земеш.

Во новата “дома” работите се различни. Тука законите важат за сите. Можеш да ги имаш сите пари на светот, сите познаници, ама ако те фатат да возиш пијан ќе платиш дебела казна. И ќе ти ја земат возачката. И сам ќе си плаќаш психијатар 6 месеци, а на крај ако не ти даде “амин” психијатарот збогувај се со визачката. Па после пак вози пијан ако сакаш. Може се премногу строги, на пример ако возиш точак и имаш алкохол во крвта ќе ти ја земат возачката за кола и ќе платиш казна, ама мирен си дека можеш детето само да го пуштиш да помине улица.
Текстот продолжува на следната страна