Снимањето на видеоспот може да изгледа гламурозно пред камерите, но она што се случува зад нив понекогаш е далеку од безбедно. Младиот српски пејач Давор доживеал вистински драматичен момент за време на снимањето на својот прв музички проект.
Имено, за потребите на еден од неговите видеоспотови била подготвена сцена во аквариум исполнет со вода. Додека Давор се наоѓал внатре, аквариумот почнал да пука!
Ова е само една од необичните ситуации што го одбележале создавањето на неговиот дебитантски проект „Ко“, кој вклучува три песни и три продукциски исклучително сложени видеоспотови.
Но, аквариумот не бил единствениот предизвик.
За снимањата биле создадени сосема различни визуелни светови, од ледено кралство до јапонски самурајски амбиент, а за потребите на една од сцените било изградено и целосно вештачко езеро.
Давор морал да совлада и физички напорни кореографии, а во една од сцените дури и стоел на глава, движење кое навистина го извел на сетот.
Во реализацијата на видеоспотовите биле вклучени професионалци со искуство во холивудски и боливудски продукции, додека за кореографијата била ангажирана кореографка со искуство на Бродвеј.
Поврзани објави
Сето ова било дел од идејата новото музичко име да биде претставено на поинаков начин од вообичаеното.
Интересно е што публиката на почетокот воопшто не знаела кој стои зад проектот.
Првите најави биле објавени без да се открие лицето на пејачот, а пред новинарите бил претставен само преку силуета. Раскошната продукција предизвикала шпекулации дека зад мистериозната кампања стои веќе позната музичка ѕвезда.
На крајот било откриено дека станува збор за целосно ново име на регионалната сцена.
Давор, кој е роден во Белград во 1999 година, три години се подготвувал за своето музичко деби, работејќи на вокалот, сценскиот настап и својот визуелен идентитет.
Неговиот прв проект беше објавен на 12 јули 2025 година, а ги содржи песните „Ко“, „Ломљива“ и „Самурај“.
Очигледно, зад неколку минути музички спектакл понекогаш стојат месеци подготовки, огромна продукција, но и моменти кои никој од екипата не можел да ги предвиди.