Српскиот фолк пејач морал да запее пред американски цариници за да продолжи кон Чикаго, а анегдотата ја сподели по децении кариера без скандали.
Александар Аца Илиќ откри незаборавна случка од една турнеја во Америка. На пат кон Чикаго, бил застанат на царина и морал да запее за да докаже кој е. Пејачот призна дека оваа анегдота никогаш нема да ја заборави.
Познат по долга кариера без скандали, Илиќ ретко зборува за приватниот живот. Тој е во хармоничен брак со сопругата и колешката Биљана Јевтиќ, а публиката го обожава поради неговите вечни хитови. Гостувајќи во подкаст, ја раскажа приказната која ги насмеа сите присутни.
Се случило во деведесеттите, кога поради густата магла на белградскиот аеродром задоцнил за летот кон Чикаго. Наместо таму, слетал во Мемфис, целосно уморен и неуреден, што дополнително го навело цариникот на соменеж.
Кога рекол дека доаѓа за турнеја, цариникот побарал да запее дел од неговата најпозната песна. На крајот една жена, која случајно зборувала српски, потврдила дека навистина е пејач и дека песната ја слушнала во Белград. Така, во три часот наутро, Аца Илиќ морал да ја докаже својата професија со пеење на граница.
Instagram printscreen/bilja jevtic i aco