Почетна ЕкономијаАрсовска нападната во Чаир додека работела

Арсовска нападната во Чаир додека работела

од nenad
1 минути читај за

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денес беше физички нападната додека ги извршуваше своите работни обврски во Чаир. Освен физичкиот напад, кон неа биле упатени и усни закани од група луѓе.

Оваа информација беше потврдена од Министерството за внатрешни работи, од каде што изјавија дека инцидентот се случил на улицата „Кумбара“, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 12:15 часот.

“На 11.07.2025 во 12:15 часот од страна на А. Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул. „Кумбара“ физички била нападната градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани”, соопштија од МВР.

Од Министерството додадоа дека градоначалничката не сакала да поднесе официјална пријава за настанот и се упатила во ГОБ „8 Септември“ за да добие медицинска помош.