Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, му го честита именденот на г. г.
Стефан – поглавар на Македонската православна црква, посакувајќи му „долговечност, здравје, мир во душата и љубов во срцето“.
-Споменот на првомаченикот и архиѓакон Стефан, кој денеска го празнуваме и чие име Вие го носите, е момент на восхит, од една страна кон подвигот на маченикот, од друга страна кон Вашиот личен подвиг.
Вашето име е отсликување на мудроста и истрајноста со која ги отфрлате камењата кои со лукавост кон Вас се упатени, а Вие со милост одговарате: Господи, не сметај им го ова за грев! Честит и вековит именден!, пишува во честитката на Трајковска до архиепископот охридски и македонски г.
г. Стефан. хс/ев/Фото: МИА архива .
Извор: МИА