Деми Мур го донела холивудскиот сјај на Модната недела во Париз
Откако на 62 години првпат ја номинираа за Оскар, Деми Мур го искористила своето време во Париз за да го покаже својот беспрекорен моден стил и да донесе доза на холивудски гламур на Неделата на висока мода.
Ѕвездата од филмот „Супстанција“ заблескала во струкирано сако, покриено со светки, кое го комбинирала со елегантни кадифени панталони, високи потпетици и впечатлив ѓердан со црни бисери. Нејзината безвременска убавина дополнително ја нагласила со дискретна шминка, која суптилно ги истакнала цртите на нејзиното лице.
Поврзани објави
Пред фоторепортерите кои ја пречекале пред хотелот каде што престојувала, Деми зрачела со елеганција и самодоверба. Имено, таа се појавила само неколку дена откако официјално беше објавено дека првпат е номинирана за Оскар, што важи за огромен професионален успех.
Првично одложени поради ужасните пожари во Лос Анџелес, номинациите за Оскар конечно беа објавени минатиот четврток, а Деми ја доби својата номинација за спектакуларната улога во филмот „Супстанција“. Во ова остварување таа го толкува ликот на Елизабет Спаркл, позната инструкторка по аеробик, која зема нелегална супстанција што може да создаде „помлада, поубава и посвршена“ верзија на консументот.
Со своето присуство во Париз, Деми Мур уште еднаш покажа дека е модна икона и дека нејзиниот холивудски сјај не избледува ни по децении поминати во седмата уметност.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @demimoore