Почетна Убавина и здравјеАна Стојанова испрати моќна порака до сите жени – Убавина и здравје

Ана Стојанова испрати моќна порака до сите жени – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Фитнес-инструкторката Ана Стојанова, која е позната по тоа што има армија следбенички, ги разбранува социјалните мрежи со ново моќно видео

Фитнес-тренерката Ана Стојанова, која стои зад бројната армија на жени Peach Army, позната е по тоа што се залага за женската сила. Преку својот животен стил, таа не промовира само здрави фитнес-навики, туку и здрав начин на размислување што им помага на жените да станат најдобрата верзија од себе, и физички и психички.

Овој пат, таа испрати моќна порака за токсичните врски. Во видеото што го објави на социјалните мрежи таа прикажува трансформација на една жена во токсична врска, која од самоуверена, насмеана и среќна девојка се преобразува во тажна, запуштена и несигурна.

„Кога си дома, си досадна. Кога конечно си своја, бараш внимание од мажи. Девојки, сакам да знаете колку е ова токсично. И сè е, само не е ЉУБОВ. Некој сака да ве контролира, да ве отсече од светот, за на крај да ве фрли како да не вредите ништо“, напиша таа.

Ана го посочи и фактот дека со нејзината работа и слабеењето, не се менува само телото, туку и самите жени. Одеднаш тие стануваат посамоуверени, не се веќе повлечени, „послушни“ или „здодевни“, а тоа им пречи на токсичните партнери кои имаат тенденција да кажат „Ана… ни ги побудале жените!“. Или само конечно ги освести?


Поврзани објави

„Не се давајте, Армијо! Посилни сме од ова! Многу, многу посилни!“, порача Ана на крајот, со што го искористи своето влијание на социјалните мрежи за да охрабри многу жени да останат свои.

Во коментарите се огласија многу нејзини следбенички, но и лица од јавната сцена која ја изразија својата поддршка, а не недостасуваа ни коментари од припадници на спротивниот пол, кои се согласија дека такво токсично однесување може да се очекува само од несигурни и нереализирани мажи.

ФОТО: ИНСТАГРАМ