Пет и пол години семејството на 22-годишната Ксенија Шеренгова не се помирува со официјалната верзија за нејзината смрт. Иако истражителите долго време тврделе дека девојката случајно паднала од прозорец, нејзините родители се убедени дека била турната од момчето со кое живеела.
Ксенија починала во јануари 2021 година, по пад од височина. Но снимките од надзорните камери откриле нешто што дополнително ги вознемирило нејзините блиски – нејзиното момче Алексеј ја напаѓало во влезот и во лифтот непосредно пред трагедијата.
Според семејството, на снимките се гледа како ја турка, ја удира и грубо ја извлекува од лифтот. Потоа Ксенија повеќе не била видена жива.
Уште еден детаљ ги разгорел сомнежите. Алексеј тврдел дека по трагичниот настан ја повикал полицијата, но соседите биле тие што пријавиле што се случило. Наместо полицијата, неговиот прв повик, според сведоштвата, бил до неговата мајка.
Тој подоцна тврдел дека Ксенија сама седнала на прозорската даска и паднала, а нејзиното однесување го опишувал како обид да го исплаши.
Поврзани објави
Семејството, сепак, не поверувало во оваа верзија. Посочувале и на други сомнителни околности – пронајден прамен од нејзината коса на балконот, траги од физичка пресметка и стан кој, според нив, изгледал невообичаено средено по трагедијата.
Алексеј бил уапсен и поминал шест месеци во притвор, но подоцна бил пуштен со кауција. Во меѓувреме, продолжил со својот живот.
Сега, по повеќе од пет години, случајот добива нова шанса пред судот. Материјалите биле доставени во судот во август 2026 година.
Родителите на Ксенија и понатаму бараат само едно – вистината за тоа што навистина се случило зад затворената врата во ноќта кога нивната ќерка го загубила животот.
Фото: Pexels