Почетна Убавина и здравјеЅвезди што зажалиле заради имплантите на гради и естетските процедури

Ѕвезди што зажалиле заради имплантите на гради и естетските процедури

од nenad
1 минути читај за

Со пластична хирургија, можноста за промена на изгледот е примамлива – но посакуваните резултати не се гарантирани секогаш.

Зголемувањето на градите е најпопуларната процедура за естетска хирургија. Погледнете кои познати личности се покајале заради оваа одлука.

Криси Тајген

Моделот се отвори за Glamour UK во 2020 година за поставувањето импланти на градите кога имала 20 години, споделувајќи дека била мотивирана од нејзината манекенска кариера. Но години подоцна, сега мајката на четири деца одлучи да ги извади и отворено говореше за своето искуство на социјалните мрежи.

Жизел Бундшен

Откако ги доела своите две деца по 18 месеци, Жизел Бундшен одлучила дискретно да легне под нож за да ги врати градите што ги имала пред раѓањето на децата.

Но во 2018 година, и таа ги изрази своето незадоволство и каење од оваа процедура.

Кортни Кардашијан

Семесјтвото Кардашијан е познато по отвореноста за речиси секој аспект од нивниот живот, па така и Кортни зборуваше за вградувањето импланти на гради на 22-годишна возраст во семејната емисија Keeping Up with the Kardashians. Години подоцна, во интервју изјави дека никогаш повторно не би го направила тоа доколку може да го врати времето.

Јоланда Хадид

Како гласна активистка за Лајмска болест, Јоланда Хадид ја искористи својата слава за да ја подигне свеста за болеста и да ја покаже својата потрага по лек.

Откако открила дека имплантите почнале да го менуваат обликот, мајката на супермоделите Бела Хадид и Џиџи Хадид решила да ги отстрани, наведувајќи можна поврзаност со нејзината тековна здравствена криза.

Фото: Инстаграм