Пејачката и нејзиниот сопруг имаа романтична вечера која прерасна во вистинска забава
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ сподели снимки од ноќен излез во Белград, каде друштво ѝ правеше сопругот, фудбалерот Немања Гудељ. Двојката уживаше во опуштена атмосфера, а објавите на социјалните мрежи брзо го привлекоа вниманието на јавноста.
Анастасија допатува во српската престолнина за да ја прослави својата девојачка слава, но очигледно престојот го продолжи, што го потврди и со стори објава од вечерниот излез. Тие започнаа со романтична вечера, која подоцна се претвори во вистинска забава со музика и добро расположение.
Пејачката сними и атрактивни акробации на бармен зад шанкот, а подоцна и нејзиниот сопруг сподели фотографија од нивниот заеднички провод. Сепак, најмногу внимание привлече нејзиниот изглед – елегантна црна комбинација составена од здолниште и блуза со откриени раменици.
Токму ваквиот стајлинг, надополнет со впечатлив црвен кармин, направи сите погледи да бидат насочени кон неа. Инаку, таа неодамна предизвика реакции и со видео во тесен црвен фустан, порачувајќи на социјалните мрежи дека „никогаш никој не може да се спореди со неа“.
printscreen instagram/raznatovicanastasija