Американските и британските сили од февруари досега извршиле 424 воздушни напади врз цели во Јемен, во кои загинаа 37 лица, а 30 се ранети, изјави синоќа нивниот лидер, Абдул Малик ал Хути.
Хутите, кои го контролираат главниот град на Јемен и повеќето населени области, од ноември минатата година напаѓаат странски бродови во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во Газа.
Нападите на Хутите од февруари предизвикаа одговор од американските и британските сили.
Ал Хути во синоќешното телевизиско обраќање кажа тие во Црвеното Море нападнале 90 бродови и дека нападите со беспилотни летала се прошириле и во други региони.
Тој наведе дека Хутите во просек извршувале 34 напади месечно со 125 балистички ракети и беспилотни летала.
Нападите на Хутите го нарушија глобалниот транспорт и ги принудија испраќачите да ја користат подолгата и поскапа рута низ јужна Африка. сд/фото:МИА архива .
Извор: МИА