Почетна ЕкономијаMaкедонија домаќин на европскиот регионален состанок на контролорите на летање

Maкедонија домаќин на европскиот регионален состанок на контролорите на летање

од nenad
1 минути читај за




Оваа година Здружението на контролори на летање на Македонија, кое e член на IFATCA (Меѓународна федерација на асоцијации на контролори на летање) за прв пат го организира Европскиот регионален состанок на IFATCA во Скопје. Повеќе од 80 контролори на летање од речиси сите европски земји деновиве се во земјава. Претседателката на ЗКЛМ, Наташа Мијат Крстевска истакна дека контролорите на летање се посебно важни и специфични во своето поле на делување и поседуваат изворедно знаење и посветеност во работењето.

Фото: IFATCA

На настанот свои обраќања имале министерот за транспорт и врски Александар Николоски, заменикот-министерот за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири, Шефот за соработка со Македонија од Европската Унија, Штефен Худолин и извршниот директор на компанијата за давање на навигациони услуги М-НАВ а.д Скопје, Хекуран Асани. Во рамки на настанот, се зборувало за воведувањето на прекуокенски лет за прв пат од скопскиот аеродром, нешто што засега е само идеја. Меѓународната федерација IFATCA е организација која ги обединува контролорите на летање од целиот свет. Преку континуирано и професионално делување на глобално ниво, IFATCA успева да ги идентификува проблемите и предизвиците на контролорите на летање и да посредува и помага во решавање на истите.