Биле заедно девет месеци, имале интимни односи, а Алекса не забележал ништо чудно…
Алекса со месеци уживал со девојка му Сара во љубовта и страста. Врската станувала сè посериозна. Но една вечер се променило сè, кога неговиот пријател веќе не можел да ја чува шокантната тајна.
Имено, кога излегле една вечер и се напиле малку, неговиот пријател, кој се дружел низа години и со Сара, не можел да се воздржи и му открил која е, всушност, девојка му што лудо ја сакал.
Му објаснил дека неговата девојка си го променила полот кога имала 18 години и дека, всушност, била родена како маж. Алекса не можел да проговори од шок.
Алекса објаснил дека бил многу повреден и дека се чувствувал измамено, но дека сè уште бил вљубен во својата, сега веќе поранешна, девојка. Признал дека никогаш не би бил со неа кога би знаел дека е трансродово лице. Ја опишал како „солидна седум и пол“.
Поврзани објави
„Кога сте во врска, мора да имате доверба. Требаше да биде отворена на почетокот од врската и да ми каже. Се чувствувам болно. Срцето сè уште ми е скршено. Се чувствувам измамено. Ова е голема лага за мене. Ништо не забележав додека бевме интимни“, разочарано раскажал Алекса.
Истакнал дека таа го лажела и своето семејство.
„Неколку пати ги имав сретнато нејзините. Низ солзи ми призна како ги излажала родителите дека знам дека е трансродова. Не се чувствував измамено само од нејзина страна, туку и од страна на сите што беа вклучени во нашата врска. Не можам да поверувам дека мојот пријател криеше такво нешто од мене“, заклучил разочараниот младич.
ФОТО: Borna Hržina / Unsplash