Од 1930-тите почнало да се развива ново средство за анализа на карактерот на една личност врз основа на крвната група, благодарение на јапонскиот професор Токеџи Фурукава.
Иако не постои научен доказ дека крвните групи ги одредуваат типовите личности, тврдењата на Фурукава се прифатени во јапонската култура, а веќе се прошируваат и меѓу другите нации.
Еве еден брз поглед на добрите и лошите страни според крвта.
О – крвна група
Доколку ова е вашата крвна група, голема е веројатноста дека имате висока самодоверба, силна волја и исклучителна интуиција. Сакате да поставувате цел пред себе и храбро чекорите кон постигнување на истата. Затоа луѓето често ве доживуваат како егоцентричен работохолик. Непревидливоста е вашата главна карактеристика.
А – крвна група
Позитивните страни што ја следат оваа крвна група се креативноста и трпеливоста. Ги почитувате различностите, скромни сте и дружељубиви. Одговорни сте, но понекогаш желбата да постигнете и завршите нешто ве прави тврдоглави и напнати. Резервирани сте и не дозволувате лесно да допрат до вашите вистински емоции.
Поврзани објави
Б – крвна група
Припадниците на оваа крвна група се карактеризираат со многу силна и влијателна енергија што не останува незабележана. Страсни се, активни и во постојано движење. Секогаш се ставаат себе на прво место и тешко простуваат.
АБ – крвна група
Луѓето што во себе ја имаат оваа крв се рационални, но и многу критички настроени. Премногу размислуваат и анализираат и со тоа често се доведуваат до неодлучност. Позитивно за нив е што лесно се приспособуваат на секаква ситуација.
Која е вашата крвна група и колку се пронајдовте во оваа теорија?
Фото: Freepik