Невина шега на одмор предизвика бурна реакција на пејачката.
Популарната пејачка Вики Миљковиќ ужива на одмор со сопругот Драган Ташковиќ Ташке, но една негова реченица ја извади од такт. Двојката се снимала на плажа, а видеото Вики веднаш го сподели на својот Инстаграм.
Додека седеле и се одмарале од жештината, Вики го прашала сопругот како ја поднесува горештината. Неочекувано, тој решил да се пошегува и да ја „пецне“ со својот одговор.
Вруќина? По 30 години брак, што е една вруќина“, изјавил тој низ насмевка.
Поврзани објави
Но, пејачката воопшто не била расположена за вакви шеги и веднаш ја прекинала снимката.
Ааа, ајде чao“, изговори Вики видливо изнервирана.
Објавата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Фановите бурно реагираа, дел со смеа, а дел со поддршка за Вики.
printskrin Youtube – blic viki miljkovic