Сидни Свини повторно ги запали социјалните мрежи! Во уште едно ултразаводливо издание, најпопуларната млада актерка во моментов привлече огромно внимание, особено откако стави крај на својата седумгодишна љубовна врска.
По раскинувањето на свршувачката со Џонатан Давино, Сидни Свини очигледно одлучи љубовта да ја остави на пауза и да им се посвети на добриот живот и на кариерата. За време на викендот, таа уживаше на музичкиот фестивал Stagecoach во друштво на Парис Хилтон и Лизо, покажувајќи дека е повеќе од подготвена да го надомести изгубеното време!
— Likeaboss (@Instastory88) April 27, 2025
Атрактивната русокоса го покажа своето вито тело во впечатлив стајлинг – корсет и каубојски чизми. Овојпат, наместо нејзиното препознатливо деколте, целото внимание беше насочено кон нејзините долги, вити нозе.
Со пуштена коса што ѝ паѓаше преку рамената и градите, Сидни дополнително го нагласи својот секси-изглед. По враќањето на својата природна руса коса и старата фигура, таа повторно ја заслужи титулата „холивудска бомба“, откако заради една филмска улога беше речиси непрепознатлива.
Поврзани објави
Парис Хилтон, пак, за фестивалот избра сосема поинаков, но еднакво провокативен аутфит, совршено во нејзиниот стил.
Погледнете ја фотографијата и уверете се сами дека Сидни Свини блеска посилно од кога било!
— Likeaboss (@Instastory88) April 27, 2025
Фото: Х