Почетна Технологија Опожарено патничко возило во Битола

Опожарено патничко возило во Битола

од nenad
1 минути читај за




Денеска рано изутрина во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ѓорги Наумов” во Битола било опожарено патничко возило „бмв х3″ . Пожарот го пријавил сопственикот на возилото , кое имало бугарски регистерски таблици, З.Л.(52) од Битола. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.

Од битолската полиција соопштија дека од пожарот се оштетени дел од фасадата на зградата, балкон и патничко возило „мерцедес”. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING