95
Поранешниот претседател (77) разговараше со ТВ презентерот Најџел Фараж на GB News каде што посочи дека кралското семејство нема да добие „специјални привилегии“. Хари, кој е во САД од 2020 година, живее во замок во Монтесито со девет спални со сопругата Меган Маркл и нивните две деца Арчи и Лилибет.
За време на интервјуто, кое целосно ќе се емитува на британската телевизија вечерва, Фараж го праша Трамп дали Хари треба да ужива „посебни привилегии“.
– Ќе треба да видиме дали знае нешто за дрогата и дали лажел на апликацијата, ќе треба да преземеме соодветни мерки – одговори Трамп.