106
Корисниците од Волково на потегот од кружниот тек кон село Кучково утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Ѓоре Ѓоревски“ на третиот влез во населбата Радишани.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од стана на екипи на ЕВН Македонија АД.
вј/Фото: МИА архива .
Извор: МИА