Дефинирањето на индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот, едукација за специјални случаи на аерозагадување, урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина, развивањето оперативни процедури и поднесување на годишни планови за инспекција беа дел од темите за кои се разговараше на последната работилница за зајакнување на капацитетите на општинските и инспекциските службеници кои работат на заштита на животната средина.
Учесниците разговараа и за креирањето на планови за квалитет на амбиентниот воздух, како и за програмите за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи граѓани а беа споделени и добри пракси и искуства за подобрување на квалитетот на воздухот.
