Благој Гуцев и тренерот на голманите на Беласица биле заплашени пред мечот со Локомотива со огнено оружје, додека фудбалерите и членовите на стручниот штаб добиле ќотек.
Денеска, тренерот на Беласица, изрази сомнеж дека ФФМ ќе си го заврши случајот како што треба.
„ФФМ подготвува заташкување на случајот! И тепани и понижени ќе излеземе виновни. Едно е јасно сѐ е резирано и врзано. Од прв до последен, службените лица доцнеа на натпреварот и застанаа на страна на тепачите. Лицето е познато на сите и на полиција и на федерација.
Бламирајте сѐ, понижувајте нѐ на секој начин, а јас лично ќе го водам случајот до крај. Моето семејство го трпеше стресот што го доживеав и затоа ќе одам до крај.“
„Службените лица (делегат, судии, комесар)доцнеле на натпреварот и застанале на страна на тепачите, не даде Господ вашето дете да биде удрено како што вчера бев јас. Моето дете не ќе влезе во оваа комрумпирана дупка и можеби ќе си ја ставам крај на кариерата, зашто иднината на моето дете не ја гледам во таа комрумпирана дупка. А, ти насилнику со умисла на удар со поголема повреда ќе ги трпиш последиците за нападот. Господ е голем!“, објави Гуцев.

