Во раскошниот амбиент на Ресторан Парк by Ragusa Group во Скопје, синоќа се одржа гала вечерта LAZAROV AWARDS – незаборавен настан во чест на пет години од постоењето на YouTube каналот на Стефан Лазаров. Настанот, кој се пренесуваше во живо на YouTube каналот на Лазаров, собра над 300 гости и илјадници гледачи онлајн, кои беа дел од вечер исполнета со емоции, признанија, музика и искрени човечки приказни, а круна на вечерта претставуваше доделувањето на подарок стан во Скопје.
Вечерта, што беше комбинација од гламурозен црвен килим, дигитална уметност и хуманост, ја модерираше Димитар Атанасовски, а нејзин домаќин беше самиот Лазаров. Публиката сведочеше на момент на благодарност, инспирација и мотивација – вредности што се во сржта на целиот негов петгодишен проект.
Во текот на вечерта беа доделени повеќе значајни признанија на луѓе кои оставиле значаен печат во дигиталниот и културниот простор меѓу кои: „Талент без граници” и „Најгледана поткаст епизода” на Игор Џамбазов, постхумното признание „Вистински пријател” во чест на Зоки Фаци, признанието „Херои на годината” за Support Kocani, „Stand-up турнеја на годината” за Тино и Атанас и „Талент на деценијата” за Два Бона, кое им беше врачено од Тони Зен и Слаткаристика. Признанието „Инфлуенсер на годината” му припадна на Стефан Николоски, додека признанието за „Травел инфлуенсери на годината” им беше доделено на Драган и Едит Тапшанови, кои се вклучија со видео порака од Малдивите. На крајот, самиот Стефан Лазаров беше изненаден со признание за „Македонска YouTube сензација”, во чест на неговата петгодишна успешна кариера и над 155.000 претплатници.
Настанот беше збогатен и со музички настапи на големите македонски естрадни ѕвезди: Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Тони Зен и Слаткаристика, Мики Секуловски, Два Бона, Таско и Бока Конга со специјална модна ревија на Жана Брајдл, како и стенд-ап настан на Тино и Атанас, кои придонесоа за спектакуларната атмосфера на настанот. Особено емотивен момент од вечерта претставуваше прикажувањето на тизер за документарниот филм посветен на Зоран Василевски – Фаци, прерано починатиот новинар и близок пријател на Лазаров, чие дело и личност оставија длабока трага во македонското медиумско пространство.
Во рамки на најголемиот giveaway во регионот, беа доделени и пет вредни подароци: сет гуми, iPhone 16 Pro Max, мотор, автомобил, а кулминација на вечерта претставуваше доделувањетио на највредниот подарок – стан од 36 метри квадратни во населба Ченто, кој го доби 32-годишната Слаѓана Ѓорче Петров, која преку својот телефон се вклучи во живо во настанот.