INFOMAX.MK

од nenad
1 минути читај за

Инфлацијата се стопи и е во намалување. Најважно е тоа што имаме тренд на намалување и тоа ќе продолжи и во иднина. Мерките за замрзнување на цените и сите други мерки што ги носи Владата се во истата насока, изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Во гостувањето на ТВ 24, Тренчевска напоменува дека се пратат состојбите и дека мерката може да продолжи и откако ќе истече времето на рокот, ако економскиот тим на Владата реши дека ефектите се позитивни.

Тренчевска е задоволна со одлуката што беше донесена вчера на Економско-социјалниот совет за висината на минималната плата, бидејќи тоа е резултат на системски решенија од минатата година, кога со измените на Законот за минимална плата беше утврдена нова методологија на базата на која ќе се зголемуваат платите.

– Овој пат со оваа одлука имаме минимална плата од март 2023 година со нето износ од 20.175, што значи дека нема да има основни плати под оваа сума во земјава. Дури и во услови на криза, минималната плата расте. Со зголемувањето на минималната плата, ќе се зголемат и другите плати. Таму каде што матичните закони се усогласени со законот за минимална плата, што значи дека во основната плата влегува минималната плата, платите исто така ќе се зголемат за 2.175 денари – изјави Тренчевска.