Почетна Убавина и здравјеIN MEMORIAM на Андреја Ѓорѓиески-Андреј (ДНК) – Убавина и здравје

IN MEMORIAM на Андреја Ѓорѓиески-Андреј (ДНК) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Редакцијата на „Убавина и здравје“ во сеќавање на загинатиот пејач Андреј од ДНК

Андреја Ѓорѓиески — Андреј (09.02.1982 — 16.03.2025) почина на 16 март спасувајќи луѓе при избувнувањето на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сведоштва тврдат дека тој по втор пат влегол во пожарот да спасува луѓе.

Во продолжение ви прикажуваме дел од фотографиите од фотоархивата на магазинот „Свет“, сакајќи да им оддадеме почит на неговиот лик и дело.

Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и беше студент на Музичката Академија во Скопје. Тој и Владимир Блажев-Панчо одлучуваат да почнат заедничка кариера во 2001 година, кога го снимаат првиот сингл на ДНК – „Девојка за везден“, придружен со видеозапис.

Андреја беше музички уредник на музичката телевизија во Македонија – К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата ѕвезда“, од кое излегоа многу нови музички таленти.


Поврзани објави

Во 2015 година, тој се венча со Наталија Крстевска, а набрзо ја добија нивната наследничка Јана.

Вечно ќе остане запаметен како ведар и насмеан лик, професионалец и хуман човек.

Нека му е лесна земја!

Текст: Убавина и здравје

Фото: архива на „Свет“, Инстаграм