Џенифер Гарнер и Бен Афлек речиси 13 години биле заедно, но по разводот останале во добри односи и заедно се грижат за своите три деца
Актерката Џенифер Гарнер има три деца со поранешниот сопруг и колега Бен Афлек, кои добиле за време на 13-годишниот брак.
Познато е дека Бен Афлек не им дозволува на децата да купуваат прескапи работи, а и Џенифер применува интересен метод кога станува збор за социјалните мрежи на нејзините деца.
50-годишната мајка одбрала необична тактика во однос на ограничувањата и воспитувањето во своето семејство.
Во една емисија актерката објаснила како успева да го минимизира времето што нејзините деца, 17-годишната Вајолет, 13-годишната Серафина и 11-годишниот Семјуел, го поминуваат на социјалните мрежи, без да предизвика протести од нивна страна или желба да направат нешто што би ја изнервирало мајка им.
„Само им кажав на моите деца: ‘покажете ми истражувања кои докажуваат дека социјалните мрежи се добри за тинејџерите, па потоа ќе разговараме’“, признала ѕвездата.
Поврзани објави
Според Гарнер, најстарата Вајолет веќе престанала да „дреме“ на социјалните мрежи, додека нејзините помали деца сакаат што побрзо да си отворат свои профили.
„Мојата најстара ќерка е многу благодарна. Имаат долг пат пред себе. Имам уште неколку вакви работи да завршам, па само чукнете во дрво. Ќе видиме дали навистина можам да го направам тоа.“
Во друго неодамнешно интервју, Гарнер објаснила зошто не чита вести за поранешниот сопруг и таткото на нивните деца, Бен Афлек. Според актерката, таа не сака да гледа како некој во нејзиното семејство станува ‘мим’.
Џенифер Гарнер и Бен Афлек речиси 13 години биле заедно. Се запознале на снимањето на филмот „Перл Харбор“ во 2000 година, но нивната романса започнала на снимањето на филмот „Дердевил“ во 2002 година.
Актерите се разделиле во 2015 година, а три години подоцна, во 2018 година, конечно поднеле барање за развод. Сепак, успеале да ги одржат пријателските односи.
ФОТО: ИНСТАГРАМ