Универзитет Скопје ќе биде домаќин на десеттиот меѓународен научен конгрес ICON BEST 2026, посветен на темата „Дигитални хоризонти: Паметна економија и интелигентен туризам“.
Конгресот ќе ги стави во фокус дигиталната трансформација, примената на современите технологии во економијата и можностите за развој на паметен и одржлив туризам. Темата ја нагласува сè поголемата улога на дигиталните решенија во унапредувањето на деловните процеси, подобрувањето на туристичките услуги и создавањето нови развојни можности.
Како меѓународен научен собир, ICON BEST 2026 претставува можност за размена на научни знаења, истражувачки резултати и искуства поврзани со современите економски и туристички трендови.