Администрацијата на САД се наоѓа пред опасност да пропушти некои од исплатите поврзани со државниот долг на земјата.
Според Канцеларијата за буџет на Конгресот, ова може да се случи во август, а многу е извесно и на крајот на мај, доколку американскиот Конгрес не донесе одлука за покачување на границата на задолжување. Оваа проценка на Канцеларијата за буџет на Конгресот беше обелоденета денес.
Во моментов, државниот долг на САД е на ниво од 36,215 трилиони долари, според официјалната интернет страница на американската влада.
Американските законодавци континуирано ги одложуваа разговорите за зголемување на границата на државниот долг до последниот момент, што генерира нестабилност на финансиските пазари.
паг/Фото: МИА архива .
Извор: МИА