Производите за заштита од сонце Eucerin обезбедуваат сеопфатна заштита од оштетување од сонце и се специјално прилагодени на различните потреби и индикации на кожата.
Иновативната напредна спектрална технологија комбинира широкопојасни и фотостабилни UVA/UVB филтри1 за сигурна UV заштита со антиинфламаторниот антиоксиданс ликохалкон А, обезбедувајќи заштита дури и од високо-енергетската видлива светлина (HEVIS). Додека глицеретинската киселина обезбедува дополнителна заштита на ДНК на кожата.
Премиум асортиманот на производи за заштита од сонце Eucerin вклучува и производи кои се прилагодени на индивидуалните потреби на кожата и содржат активни состојки за специфични кожни состојби, а можат да се користат и од возрасни и деца:
· Ако вашата кожа е мрсна и/или склона кон акни, за вас е Eucerin Sun Oil Control чија формула содржи технологија која го контролира и регулира себумот и пигментите кои апсорбираат липиди, ја остава површината сува на допир и обезбедува долготраен ефект против сјај.
· Ако пак вашата примарна грижа за кожата е предвременото стареење, производите против фотостареење со хијалуронска киселина видливо ги намалуваат знаците на стареење на кожата предизвикани од сонцето.
· Ако вашата кожа е склона кон алергии на сонце, формулите за заштита од сонце и пост-заштита од сонце со алфа-глукозил-рутин помагаат во спречување на алергии поврзани со сонце, како што е PLE (Полиморфна светлосна ерупција).
· Доколку на вашата кожа се видливи темни дамки, Eucerin Sun Anti Pigment со патентираната состојка тиамидол ефикасно ќе ја намали хиперпигментацијата и ќе го спречи нивното повторно појавување.
· Палетата Eucerin Sun вклучува и производи за заштита на детската кожа од сонце, кои се специјално формулирани за да ја омекнат и заштитат чувствителната и нежна кожа на вашето дете од негативното сончево зрачење, како и производи кои можат да се нанесат на кожа склона кон атопичен дерматитис.
Производите на Eucerin за заштита од сонце се достапни со среден, висок и многу висок опсег на заштитен фактор (SPF). Сите се клинички и дерматолошки докажани како многу ефикасни и толерантни дури и од многу чувствителната кожа.
Eucerin Sun Kids не вклучува напредна спектрална технологија, туку користи клинички докажани нехемиски минерални филтри. Eucerin Extra Light Sensitive Skin Protection Losion, Eucerin Skin Protection Spray, Eucerin Sensitive Sun Protection Clear Spray и Eucerin Dry Touch Clear Spray за заштита од сонце не содржат глицеретна киселина.