Table of Contents
Четврта година по ред ги избравме производите што го заслужија статусот – ЅВЕЗДИ НА УБАВИНАТА! Овој наш проект има цел да ги промовира НАЈдобрите, НАЈбараните и НАЈпродаваните производи во индустријата за убавина.
И нашите читателки гласаа за своите фаворити на инстаграм-профилот на „Убавина и здравје“ и ни помогнаа заедно да ги избереме бјути-хероите во различни категории. Ви претставуваме дел од победниците, а за комплетната листа посетете нè на @ubavinaizdravje.mk.
ПАРФЕМ ЗА ЖЕНИ
MICHAEL KORS POUR FEMME EDP е цветен, дрвенест и мошусен мирис, кој зрачи со софистицираност, убавина и сила. Софистициран и женствен мирис, кој ги комбинира цветните и дрвените ноти во совршена рамнотежа, создавајќи заводлив и префинет мирис. Свежите и светли горни ноти се комбинирани со богата цветна срцевина, кои изразуваат нежна убавина. Топлата основа, пак, дава длабочина и сензуалност, што го прави овој мирис неодолив.
ПАРФЕМ ЗА МАЖИ
MICHAEL KORS POUR HOMME EDP е софистициран и модерен машки мирис, дизајниран за мажот кој комбинира безвременска елеганција со допир на современа смелост. Овој парфем се отвора со свежа и зачинета експлозија на бергамот, ѕвезда анасон и црн пипер, кои веднаш го привлекуваат вниманието. Во срцето, ароматичните ноти на жалфија и темјан додаваат длабочина и мистерија, создавајќи совршена хармонија со топлата и дрвенеста основа од пачули, сандалово дрво и дрво од кашмир.
ТОНИК ЗА ЛИЦЕ
MEISANI RICE AND SHINE е мултифункционален тоник, кој служи и како тоник и како есенција. Ја подобрува функцијата на кожната бариера и ја зголемува хидратацијата за сјаен и свеж изглед на кожата. Дерматолошки е тестиран за осетлива кожа, и нуди комплетно решение за нега на кожата без да се прави компромис меѓу безбедноста и ефикасноста.
СЕРУМ ЗА ОКОЛУ ОЧИ
36.5 NIACINAMIDE & GREEN TEA, ONDO BEAUTY е тајниот сојузник за свеж и младешки изглед. Овој иновативен серум е специјално дизајниран да ги таргетира најчестите проблеми околу очите, како темни кругови, брчки и сувост, истовремено обезбедувајќи долготрајна хидратација и заштита.
СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ
24K GOLD BEAUTY SERUM, SINOZ со честички од вистинско злато, хијалуронска киселина и колаген, обезбедува луксузна хидратација и значајни придобивки против стареење. Златните честички помагаат за зголемување на еластичноста на кожата и ја подобруваат циркулацијата за поинтензивен и младешки сјај.
КОРЕКТИВЕН ТРЕТМАН ЗА ЛИЦЕ
PURE CICA TIGER GRASS, SINOZ. Иритации, црвенило, дамки и други несовршености – пронајдовме решение! Овој третман е наменет за изедначување и поправање на тенот. Ја изедначува бојата на кожата, прикривајќи ги црвенилото, дамките и флеките за само неколку секунди пo аплицирање на кремот. За време на нанесувањето, неговата зелена боја се адаптира во тонот на кожата.
ПРАЈМЕР
AQUA SPLASH GRIP, CATRICE има силен ефект на прицврстување на шминката за екстра долготрајно носење. Формулиран со 5% глицерин, ниацинамид, хијалуронска киселина и сок од краставица, ја хидрира и освежува кожата, за беспрекорен тен во текот на денот. Неговата лесна и проѕирна желе-текстура е удобна за носење цел ден.
ТЕЧНА ПУДРА
Поврзани објави
HYDRAMATTE, AURA дава чувство на хидрирана кожа во текот на целиот ден. Во комбинација со одбрани состојки, добиена е формулација која се нанесува лесно и изедначено, давајќи чувство на свежина и хидратација. И покрај саканиот мат ефект, одбраните специјални пигменти, кои суптилно ја рефлектираат светлината, прават кожата изгледа да изгледа блескаво.
ТЕЧЕН БРОНЗЕР
MELTED SUN LIQUID BRONZER, CATRICE за сончев изглед на вашата кожа во неверојатна топла карамела-нијанса. Меката, кремлива текстура, која лесно се нанесува, надоградува и се топи во кожата, создавајќи природна мат-завршница и овозможувајќи ви да го приспособите вашиот изглед. Од суптилно бакната од сонцето до смела бронза. Хидратантната формула на бронзерот ја храни ја влажи и потхранува кожата.
ГЕЛ-МАСКАРА ЗА ВЕЃИ И ТРЕПКИ
LASH AND BROW, ESSENCE ги уредува и фиксира веѓите со што го олеснува цртањето. Совршена е за одржување на веѓите на место во текот на целиот ден. Користете ја со или без моливи за веѓи. Помага за уредување на трепките, ги дефинира и прави попривлечни дури и без да употребите маскара. Брзо се суши и не се лепи.
ХАЈЛАЈТЕР
DIAMOND HAZE HIGHLIGHTER, CATRICE е врвен хајлајтер за блескав сјај. Создава прекрасен 3D-ефект, кој ја обложува вашата кожа со допир на дијамантска прашина, правејќи да изгледате веднаш впечатливо и сјајно. Магичната, свилено-мека текстура без проблем се прилепува на кожата. Овој хајлајтер го прави секој тен на кожата да блесне со мазна и блескава завршница.
ФИКСАТОР ЗА ШМИНКА
FIX AND MIST, AURA 2 во 1 e спреј кој ја хидрира кожата и фиксира шминката. Може да се користи самостојно, во текот на денот, секогаш кога сакате да го освежите тенот или како фиксатор за шминка што ќе направи вашата шминка да изгледа отпорна на надворешни фактори, како топлина или влажност и ќе остане стабилна до осум часа.
Испрскајте го лицето на растојание од 30 см, без претходно тресење. И U GLOW GIRL!
МАСЛО ЗА УСНИ
HYDRA KISS LIP OIL, ESSENCE е негувателно масло за усни со сјаен финиш и нијанса на боја. Essence hydra kiss LIP OIL создава висок сјај и нелеплив финиш. Хијалуронската киселина, маслото од јојоба, витаминот Е и маслото од ливада се вистинска моќна комбинација за супереластични и навлажнети усни. Ултралесното масло за усни им дава на усните белег на боја што одговара на секој тон на кожа!
ЛАК ЗА НОКТИ
GEL AFFAIR NAIL LACQUER, CATRICE, 021 е совршен избор за долготрајна боја со висок сјај, сличен на гел. Уживајте до 7 дена во отпорноста на бојата, без потреба од база или надлак. Палета изобилува со разновидни живописни и тренди-нијанси, кои одговараат на секое расположение, пригода и стил. Нијансата 021 Caught On The Red Carpet, темноцрвенa е печат за инстантен стил и елеганција.
ТРИО ЗА ВОЛУМЕН НА КОСА
John Frieda PROfiller+ линијата (шампон, регенератор и спреј) за погуста и посилна коса, дејствува по само една употреба. Без разлика дали сте родени со тенка коса или текстура на вашата коса се променила. Палетата PROfiller+ формулирана со биотин, познат по тоа што дава цврстина на косата, и хијалуронска киселина, за хидратација и нега на косата, без напор ја трансформира тенката, рамна коса и ја зголемува вкупната густина на косата, ја чувствувате пополна, поздрава и поцврста.
Следете го нашиот инстаграм-профил @ubavinaizdravje.mk за да учествувате во ДАРУВАЊЕТО вредни подароци од нашите и вашите ЅВЕЗДИ НА УБАВИНАТА.