Почетна ПопуларноDoes the theft of oncology cytostatics reveal a mega network for black market distribution?

Does the theft of oncology cytostatics reveal a mega network for black market distribution?

од nenad
3 минути читај за

Кого биле наменети две стотинки различни ампули од различни видови на цитостатики, кои полицијата ги нашла кај млада медицинска сестра на Клиниката за онкологија минатата недела? Таксол, Доцетаксел, Флуорацил, Доксорубицин, Епирубицин, Ендоксан, Зомета – сите овие цитостатики биле на листата за која на Клиниката со пописот било констатирано дека има помалку дози отколку што требало да има, дознава „Слободен печат“ од свои извори.

Различните ампули биле во возилото на сестрата, која честопати помагала и во нивното подготвување односно растворање во инфузионите раствори пред истите да им бидат дадени на пациентите во дневната болница. Истите извори кои се доброупатени во процедурите на болницата даваат неколку можни сценарија, зошто овие скапи лекови кои ги има на залиха и не се дефицитарни за пациентите со здравствено осигурување во Македонија, сепак биле изнесувани од болницата.

Важно е да се знае, дека „пазарот“ каде би можеле да завршат овие ампули е тесен и специфичен. Во земјава има оддел за онкологија во една приватна болница, но ампулите украдени од државна Онкологија не би можеле да завршат таму. Причината е едноставна – во приватната болница во Скопје, на пациентите не им е дозволено да носат терапија од надвор, туку мора да ги примаат цитостатиците кои ги набавува самата приватна здравствена установа.

Но, на државната Клиника за онкологија дозволено е да доаѓаат и приватно терапија да примаат пациенти од соседството. На овие странски пациенти, на државна Онкологија им е дозволено самите да го набават цитостатикот пред да стапнат на Клиниката за радиотерапија и онкологија и само да платат администрирање на инфузијата. Можно е државно скапите и тендерски набавени цитостатици, да биле крадени за да им се дадат на овие пациенти по дампинг цени, велат нашите извори од Клиниката.

– Приватните странски пациенти, стигнуваат пред зграда, кажуваат дека се приватни пациенти и дека немаат здравствено осигурување и дека бараат доктор за некој вид на канцер. Се упатуваат кон различни лекари. Оди пред амбуланта и на шалтер го вметнуваат веднаш, не чекаат. Се прави консултација, му се дава листа на цени и тој решен, сака тука и во сметководство му прават пресметка. Отвора македонска трансакциска сметка, и од македонска банка уплаќа на Клиника за она што му е спроведено. Е кога доаѓа ред да биде на терапија, му се даваат таблети што треба да ги пие како подготовка. А лекот што треба да го прима, му објаснуваат колку чини и дали го има на клиниката. Има право и самиот да си го набави и да го донесе. Дел овде плаќаат и ги купуваат од болницата, а дел си носат од надвор. Никој не го интересира како е набавен цитостатикот што пациентот ќе го донесе од надвор. Само ги интересира да е точната доза и точниот цитостатик. Тие што плаќаат овде, добиваат рефундација во странство. Но, има и такви странски пациенти на кои не им следува рефундација зашто немаат странско здравствено осигурување, не работат и ним повеќе би им се исплатело да платат под рака отколку по реалната цена системски, вели нашиот извор од Клиниката.

Дополнително, цитостатиците не се обележани со никакви посебни налепници од болницата, за да се препознае дека се изнесени од самата Клиника. Втората можност е тие да завршуваат на странските пазар. И двете сценарија се скандалозни, но засега истражните органи не ги истражуваат.

Целата сторија на Слободен печат прочитајте ја тука.