Почетна ЕкономијаAVON обезбедува нова донација и засилена поддршка во борбата против насилство врз жените.

AVON обезбедува нова донација и засилена поддршка во борбата против насилство врз жените.

од nenad
3 минути читај за

Поразителното е дека денеска една од трите жени доживува насилство или злоупотреба во текот на својот живот. Насилството врз жените е најраспространетото кршење на човековите права во светот! Ситуацијата не е ништо поразлична ни во Македонија. Тоа е нешто што не треба да се случува!

Затоа Авон, како компанија која ги поврзува луѓето и е дел од секојдневието на секоја жена, независно од возраста и образованието, континуирано поддржува проекти и здруженија од хуманитарен карактер, отсликувајќи ја својата заложба за подобар и поквалитетен живот за сите, и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност.

“Ние, во Avon, веруваме во свет без семејно насилство. Среќни сме секогаш кога ќе ни се даде можност за поддршка и финансирање на проекти со кои излегуваме во првата борбена линија против семејното насилство. Од оваа определба нема никогаш да се откажеме. Ќе продолжиме со поддршка и напорна работа се додека не се осигураме дека жените и девојките се разбрани и фер третирани кога бараат помош или кога пријавуваат злоупотреба”, изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба – Avon Македонија.

Оваа година, симболично само на денот после интернационалниот ден на жената, Avon Македонија повторно донира износ од 1.500.000 ден на кризниот центар Надеж, за реализација на проектот “Вие зборувате – ние слушаме”. Средствата се собрани од продажбата на АVON производите означени со знакот за бесконечност – Стоп за насилство врз жени. 100% од профитот од овие производи е наменет за фондацијата Борба против семејно насилство.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Avon Македонија со години соработува со својот партнер Кризен Центар Надеж и финансира животоспасувачки услуги, а до сега се донирани 17000 долари за поддршка на повеќе проекти на овој центар.

Денеска со донацијата, ќе бидат подржани следниве активности на центарот: 24-часовна национална СОС линија за помош и информации во секое време; обезбедување на првична и интервентна финансиска помош на жртвите на семејно насилство кои го напуштаат кризниот центар (КЦ Надеж ќе им обезбеди на жените жртви ваучери од различни компании за набавка на храна, облека, лекови и хигиенски средства); како и обезбедувањето на безбеден привремен престој за жртвите во времетраење од 24-48 часа.

Информации за намената на донираните средства:

· Психо-социјална помош и поддршка на жртви на семејно насилство преку националната СОС линија:

На жртвите им е потребна 24-часовна достапна СОС телефонска линија за помош на која можат да се јават во секое време и да побараат информации, помош, поддршка или да бидат упатени до најблиските и најсоодветните институции или други услуги за да се надмине ситуацијата со која се соочуваат.

· Обезбедување на првична и интервентна финансиска помош на жртви на семејно насилство кои го напуштаат кризниот центар:

Една од главните причини поради кои жртвите на семејно насилство не одлучуваат да го напуштат домот е економската зависност од насилникот. КЦ Надеж ќе им обезбеди на жените жртви ваучери од различни компании за набавка на храна, облека, лекови и хигиенски средства. Секоја од згрижените жртви, пред да замине од кризниот центар, ќе добие ваучери за да може да си набави тоа што е потребно за неа и нејзините деца. КЦ Надеж ќе склучи договори со соодветни фирми од каде што жртвите ќе можат да си купат добра што им се потребни за првичниот период по напуштање на центарот.

· Oбезбедување на безбеден привремен престој за жртвите во времетраење од 24-48 часа.

Жртвите на семејно насилство често имаат потреба да бидат изолирани од насилната средина. Во оваа насока, потребно е безбедно сместување за истите во период од 24-48 часови и повеќе доколку се појави потреба.