Парфемот што ќе го изберете има моќ да остави траен впечаток бидејќи не е само мирис туку и израз на нечија личност и стил.
Мирисот е невидлив додаток кој се задржува долго откако ќе излеземе од просторијата. Кога станува збор за изборот на парфем што го сакаат и забележуваат мажите, треба да се земат во предвид неколку фактори. Не само што вашиот мирис може да ве направи попривлечни за спротивниот пол, туку може да поттикне и спомени.
Мажите најмногу ги привлекуваат слатките, нежни и вкусни мириси. Размислете за овошни, цветни и гурмански. Не е шокантно што мажите сакаат женствени мириси. Овошните ноти се волшебни и доволно слатки за да го привлечат нивното внимание додека цветовите без сомнение се омилени кај многумина.
Покрај цветните тонови, мажите ја издвојуваат и ванилата како сладок мирис. По низа испитувања, се потврдило дека ванилата создава чувство на среќа универзално низ целиот свет.
Поврзани објави
Мирисот со ноти од цимет исто така може да се одвои како неодолив за спротивниот пол бидејќи создава чувство на топлина и возбуда кај мажите со зголемување на циркулацијата во крвта.
Јасмин со векови се користи како природен лек за подобрување на расположението, како и справување со емоционалниот стрес и ниското либидо.Тој е едно од најсензуалните бели цвеќиња, често поврзано со интимност и романса. Неговиот магичен мирис, во комбинација со меко дрво и/или цитрус ја претвора секоја жена во шармантна заводничка.
Сепак, пронаоѓањето на совршен парфем е повеќе од само она што мажите го сакаат. Довербата и личната поврзаност со мирисот се клучни, а кога се чувствувате одлично, природно ги привлекувате и другите.
Фото: Freepik.com