Почетна Убавина и здравјеФустаните пукаат на нив! – Убавина и здравје

Фустаните пукаат на нив! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Додека Кардашијанките уживаат во секоја минута, мајка им работи со полна пареа

Колку е важна венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез покажува и фактот што сите сестри Кардашијан, на чело со мајка им и нејзиниот партнер, пристигнале во Венеција.

Интересно беше да се види кои фустани ги одбрале најбогатите Американки за оваа свеченост.

Ким Кардашијан

На нејзиното прво појавување Ким ја истакнала својата става во тесен фустан со животински дезен, додека се одлучила за истата шминка и фризура како и секогаш.

Клои Кардашијан

Неправедно занемарената Клои Кардашијан секогаш е во сенка на своите сестри. Така било и овој пат кога дошла како придружба на сестра ѝ Ким. Клои го затегнала своето извајано тело во фустан со проѕирен дел на задникот. Па така, Клои со желба да се истакне, ја истакнала својата задница.


Поврзани објави

Кајли и Кендал Џенер

Помладите сестри на познатите Кардашијанки, дошле заедно. Додека Кајли одбрала тесен, миди-фустан во сенф боја, нејзината помлада сестра Кендал облекла долг цветен фустан што го истакнувал нејзиното манекенско тело.

Крис Џенер

Мајката на славните Кардашијанки и една од најуспешните бизнис-жени се појавила во придружба на својот помлад дечко Кори Гембел. Крис и Кори доминирале во црно и привлекувале внимание на себе, покажувајќи се како моќна двојка.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Се зборува дека Крис работи со полна пареа на венчавката на деценијата. Се верува дека трага по совршениот партнер за Ким Кардашијан, по некој што ќе привлече уште поголемо внимание на реалното шоу Keeping Up with the Kardashians и со самото тоа ќе го зголеми нивното богатство.

ФОТО: Инстаграм