Многумина не веруваат дека тоа е негов имот…
Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе ја угости во својот дом поп дивата Јелена Карлеуша. Нивниот лајв на Јутјуб го следеле над милион луѓе, а за време на стримот собрале 14.000 евра кои Бака Прасе ќе ги донира на загрозените во Босна и Херцеговина по страшните поплави.
Она што е интересно е фактот дека Јелена беше една од првите гости во неговиот дуплекс, кој го купи по раскинувањето со Ања Благојевиќ. Неговиот пентхаус има кујна, три спални соби, голема дневна соба, гардеробер и дури четири бањи.
Во дневната соба има и пијано.
Поврзани објави
Новиот стан се простира на површина од 420 метри квадратни и се наоѓа во истата населба како и неговиот претходен стан, кој беше помал, но речиси исто толку скап. Овој пентхаус вреди околу пет милиони евра.
Да потсетиме, Бака за време на лајвот на Карлеуша и подари телефон, најновиот iPhone 16, часовник Rolex, како и долна облека.
Фото: Фото: printskrin Youtube/bakaprase
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: