53
Посебниот сообраќаен режим ќе се воведе поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ -Поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денес ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. Пречекот на Вучевиќ во Владата е во 10 часот.
Пишува: Борјан Гаговски, МЕТА.МК