Table of Contents
Ви откриваме кои се најдобрите фризури за сите генерации
Фризурата што ја носите многу влијае врз целокупниот изглед. Начинот на којшто ја стилизираме косата може да направи да изгледаме помладо или постаро. Многу фризери нагласуваат дека изборот на фризура треба да зависи и од нашата возраст.
20-ти години
Може да се каже дека 20-тите се најдобрите години за испробување нови стилови, бидејќи тогаш косата е најсочувана, а со самото тоа е и идеална за експериментирање. Кратките фризури се одличен избор, бидејќи го истакнуваат младото лице, а и одлични се доколку сакате да направите поголема промена. Спротивно на нив, можете да ја пуштите косата долга и да се забавувате со нејзината текстура и боја (неколку перчиња во вибрантни бои се одличен избор за разубавување на косата).
30-ти години
Во 30-тите години ставот и вкусот стануваат посериозни, па во овој период најдобро е да се насочите кон поотмени фризури, без драстични промени. Светлите перчиња одлично ќе ги камуфлираат белите влакна, а кркмите на страна ќе го освежат и надополнат вашиот изглед. Ви предлагаме и благи кадрици, кои инстантно му даваат женствена нота на изгледот, а кои не одземаат премногу време.
Поврзани објави
40-ти години
За вас најважен е изборот на производи што ќе ги користите за одржување на косата. Со оглед на тоа што косата обично станува сува како последица на фенирањето и честото стилизирање со виклери, најважно е да инвестирате во спрејови или серуми за дополнителен сјај и мекост на косата. Никој нема да ги забележува вашите години доколку имате сјајна коса!
Боб, лоб-фризурата и долгите кркми кои лежерно паѓаат на страна се фризурите што треба да ги одбирате, додека високата пунџа е уште една идеална фризура за секој ден, за на работа или за вечерно излегување.
50-ти години
Во 50-тите години, косата забележително обелува, па затоа најдоброто решение се посветлите нијанси. Пепелавиот сјај ќе ѝ даде посебна димензија на косата, но треба да внимавате да нема преголема разлика меѓу нијансата на косата и на кожата. Едноставните фризури кои не се премногу долги се одличен избор, бидејќи не им треба многу стилизирање и лесни се за одржување.
ФОТО: Unsplash