Почетна Технологија(ФОТО) Ромалитико организира Национална конференција за имплементација на политиките за инклузија на Ромите

(ФОТО) Ромалитико организира Национална конференција за имплементација на политиките за инклузија на Ромите

од nenad
1 минути читај за





Институтот за истражувања и анализа на политики Ромалитико организира Национална конференција за имплементација на политиките за инклузија на Ромите. Конференцијата се организира во хотел Лимак (сала Лимра на 6 кат) на 8-ми и 9-ти Октомври 2024 година со почеток во 9 часот и 30 минути. Изјави за медиумите се предвидени за 10 часот и 15 минути.

Конференцијата има цел да создаде платформа за сеопфатен дијалог меѓумеѓународни организации, владини тела и Ромската заедница за да се подобриинтеграцијата на Ромите на национално и локално ниво и да се засилимеѓународната поддршка за развојот на Ромите. Фокусирајќи се на адресирање наклучните предизвици и поттикнување на соработка, настанот ги собирапретставниците од USAID,Европската Унија, Светската банка како и национални и локални институции.

Дискусиите ќе бидат насочени кон критични области како што се институционалнитереформи, локалниот развој, инклузијата на пазарот на труд, дигиталнатаписменост и борбата против антициганизмот. Крајната цел е да се идентификуваатбариерите кои го кочат напредокот на инклузија и да се идентификуваат решенијакои ќе придонесат за одржлив напредок на ромската заедница. Покануваме новинарски екипи да го проследат настанот. Во прилог агенда

Со почит
Тодор Стојчевски
071/2517181