Почетна Убавина и здравјеМајки, дишете длабоко – Не сте сами во постпородилната анксиозност

Мајки, дишете длабоко – Не сте сами во постпородилната анксиозност

од nenad
2 минути читај за



Чекањето конечно заврши. Го земавте во прегратка вашето најмило, но во текот на следните недели вашето расположение почнува негативно да се менува. Не грижете се, најмалку една од пет жени се соочува со ова!

Зошто толку често плаче? Дали нешто не е во ред со бебето? Дали има некаква потреба? Овие грижи се постојани во текот на денот и ве држат будни ноќе. Се чувствувате напнати и почнувате да паничите. Членовите на вашето семејство почнуваат да ја изразуваат својата загриженост — не само за бебето, туку и за вас. Се прашувате дали вашата анксиозност е нормална.

Ако имате историја на анксиозност пред или за време на бременоста, симптомите на постпартална анксиозност може да се вратат и по породувањето. Вознемиреност и тага може да се појават и по одвикнувањето од доењето поради хормонални промени. Некои жени доживуваат напади на паника или симптоми на опсесивно-компулсивно нарушување во постпарталниот период.

Кои стратегии без лекови се корисни за намалување на оваа состојба?


Поврзани објави

  • Прегрнувајте го вашето бебе На овој начин ослободувате окситоцин, кој може да го намали нивото на анксиозност.
  • Обидете се да спиете повеќе – Целете на најмалку непрекинато четиричасовнно спиење и внимавајте на внесот на кофеин. Побарајте помош од партнерот за смените на грижа за бебето.
  • Поминувајте време со други мајки –Споделувањето стравови и совети со други искусни мајки, може многу да ви помогне во потврдување на вашите емоции.
  • Зголемете ја физичката активност – Активностите кои вклучуваат вежби за дишење, како што е јогата, може да бидат особено корисни.
  • Побарајте помош – Не го преземајте целиот терет околку бебето и домашните обврски на ваш грб.

И најважно, одморете – на крајот на краиштата, штотуку родивте бебе. Нормално е да не можете да постигнете сѐ.

Фото: Freepik.com