Најголема желба на секој родител е неговото дете да биде успешно и обезбедено, но пред сѐ, среќно. Со развивање на овие силни вештини ќе му помогнете на вешето дете да созрее во личност која ќе знае како да се носи со сите предизвици и да прерасне во една стабилна и среќна личност.
Кои се петте важни вештини?
Планирање: способност да правиме и реализираме конкретни цели и планови
Фокус: способност да се концентрираме на она што е важно во дадено време
Самоконтрола: контролирање на реакцијата не само на нашите емоции, туку и на стресни ситуации
Свесност: не само да ги забележуваме луѓето и ситуациите околу нас, туку и да ги разбираме
Поврзани објави
Флексибилност: способност да се прилагодуваме на променливите ситуации
Иако ова се вештини кои децата ги учат во текот на нивниот живот, постојат два временски периоди кои се особено важни: раното детство (возраст од 3 до 5 години) и адолесценција/рана зрелост (од 13 до 26 години). За тоа време, учењето и користењето на овие вештини може особено да им помогне на децата да се подготват за успех.
Еве како да им помогнете да ги развијат овие вештини:
- Планирајте дневни активности со нив
- Вклучете ги во размислување и давање идеи и слушајте ги нивните предлози
- Намалете ја изложеноста пред екраните
- Читајте книги со нив
- Зборувајте за нивните чувства
- Објаснувајте им зошто нивните постапки се добри или лоши
- Организирајте семејни средби и активности
- Пешачете со нив или почнете некоја слична физичка активност
- Бидете спонтани, но смирени во непланирани ситуации
Фото: Freepik.com