Вистинска оаза на луксуз.
Покрај камената куќа на Хвар, која е нејзина летна резиденција, домот на Нина Бадриќ е луксузен имот во Загреб. Станува збор за простран стан уреден по желба на пејачката, во кој таа ужива со своето преслатко куче.
Нина за својот дом, исто како и на Хвар, избра бела боја, светли тонови на мебел, додека ѕидовите се украсени со различни уметнички слики.
Контраст на белиот мебел е дрвениот мебел, кој го нема многу, има полица за телевизор, книги и мермерна трпезариска маса.
Поврзани објави
Во зависност од сезоната, Нина го украсува својот дом во духот на празниците или со раскошни цвеќиња во кои ужива.
Целиот простор е пријатен и топол, исполнет со светлина и претставува вистинска оаза на мир и сигурност.
Фото: Инстаграм