Регионалната ѕвезда ја продолжува концертната турнеја…
Музичката ѕвезда Милица Павловиќ на својот 33 роденден ја сподели со своите фанови информацијата дека нејзината концертна турнеја „Лав“ продолжува низ регионот и ги откри датумите за четири нови концерти.
Неверојатен репертоар, танцови точки, кореографии, глума, специјални ефекти, мултимедијални и сценски костими се само дел од адутите на популарната бринета, па публиката постојано се прашува што е ново што таа го смислила за новите концерти.
Она што самата го откри е дека во наредниот период ќе ги посети градовите каде што ќе одржува прес-конференции по повод концертите, а како дел од тие посети ќе организира и „Meet & Greet“ со своите најжестоки обожаватели.
Поврзани објави
Имено, Павловиќ организираше конкурс за нејзините фанови и сите што купија билети за претстојните концерти во Риека, Бања Лука, Скопје и Сараево, за категориите фан пит и ВИП фан пит, можат да се пријават да ја запознаат, а најсреќните ќе имаат можност да поминат неколку часа со пејачката и лично да ја прашаат што сакаат.
Фото: printskrin Youtube / Senorita Music
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: