Почетна Убавина и здравјеОдлична е за здравјето на цревата, спречува надуеност, а вкусот е феноменален – Убавина и здравје

Одлична е за здравјето на цревата, спречува надуеност, а вкусот е феноменален – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Салатата од киноа со зеленчук и грчки јогурт е чест избор на гастроентеролозите за вечера

Во модерниот начин на живот, грижата за здравјето на цревата станува сè поважна, бидејќи од нивната функција зависи целосната благосостојба на организмот. Правилната исхрана, богата со лесно сварливи намирници и пробиотици, е клучна за одржувањето на рамнотежата на цревната флора и спречувањето непријатни симптоми, како подуеност и грчеви. Токму за да ги спречат овие проблеми, гастроентеролозите неретко вечераат салата од киноа со зеленчук и грчки јогурт.

Зошто е одлична за цревата?

1. Киноата е лесно сварливо зрно богато со влакна и протеини.

2. Грчкиот јогурт е богат со пробиотици, кои го одржуваат здравјето на цревната флора и ја намалуваат подуеноста.

3. Маслиновото масло и лимонот дополнително го поттикнуваат варењето и освежуваат.

Состојки:
  • 1/2 шолја киноа
  • 1 шолја вода
  • 1 средна тиквичка
  • 1 морков
  • 100 г блитва или спанаќ
  • 1 мала свежа пиперка
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • сок од половина лимон
  • 100 г грчки јогурт
  • сол и бибер по вкус
  • свежо зачинско билје (магдонос, мирудија, босилек)


Поврзани објави

Приготвување:

Измијте ја киноата со ладна вода, па сварете ја во шолја вода. Оставете ја да зоврие, потоа намалете ја температурата и гответе ја поклопена околу 15 минути додека ја впие сета вода и омекне.

Исечкајте ги тиквичката и морковот на мали коцки или тенки стапчиња. Исечкајте ги блитвата или спанаќот на груби парчиња. Пропржете го зеленчукот на малку маслиново масло со сечкан лук додека омекне (3-5 минути).

Измешајте ја сварената киноа со пропржениот зеленчук и со свежа исечкана пиперка.

Во посебен сад измешајте грчки јогурт со лимонов сок, малку маслиново масло, сечкано зачинско билје, сол и бибер.

Прелејте ја салатата со преливот од грчки јогурт и промешајте.

ФОТО: Freepik