1944 година Македонија за малку ќе го загубела иконостасот што се наоѓа во црквата Свети Спас Скопје, направен од тајфата на Петре Филиповски – Гарката.
Тогаш се расчу дека Бугарите планираат да им го дадат иконостасот на Германците како подарок.
Тој веќе бил спакуван и стоел пред црквата кога копаничарот Нестор Алексиев Мирчевски (1873 – 1969) стигнал и веднаш им се обратил на германски јазик:
„Иконостасот кој вие сакате да го земете го направиле моите предци. Вам, како на една голема сила и културна земја, не ви приличи да го земете. Ова е бесценето, работено е дванаесет години, а вие сакате да ни го земете“.
Тој уште им кажал дека во 1938 година добил награда за својата резба на Светската изложба во Берлин и бил примен од нивниот градоначалник. Потоа, иконостасот бил вратен и засолнет во Народна банка. По војната, Нестор Алексиев Мирчевски го монтираше повторно на местото каде се наоѓа и ден денес.