Почетна Убавина и здравје2. Саем и конференција Beauty & Health во Скопје – Убавина и здравје

2. Саем и конференција Beauty & Health во Скопје – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Откријте ги најсовремените иновации во областа на убавината и здравјето на 2. Саем и конференција Beauty & Health во Скопје, на 5 октомври 2024 година

Саемот и конференцијата „Beauty & Health“ ќе биде најголемиот и најочекуваниот настан на годината, а ќе се одржи на 5 октомври 2024 година во луксузниот хотел „Лимак“ во Скопје. Овој револуционерен настан ќе биде единственото место на кое ќе се откријат најновите тајни и напредокот во областа на убавината и здравјето.

Детали за настанот:

Датум: 5 октомври 2024

Локација: хотел „Лимак“, Скопје (https://www.limakhotels.com/skopje)

Отворено од 09:00 до 20:00 часот

Што сѐ ве очекува:

Саем – презентации, промоции, третмани, лансирање нови производи, консултации, нови апарати, производи, препарати, иновации

Конференција – стручни предавања – стручни презентации за најновите трендови, иновации, опрема и напредокот во областа естетска и реконструктивна медицина, а стручните лица од областа здрави животни навики ќе се осврнат на најновите техники во доменот на здраво размислување и здрави животни навики во исхраната.

И што уште?
  • Networking, нови контакти, место за дружење и нови идеи
  • Консултации со еминентни професионалци (само за лицата со ВИП-карти во вредност од 600 денари)
Зошто е важно да сте дел од овој настан оваа година?

На едно место, ќе ја дознаете ВИСТИНАТА за иднината на естетиката

  • Единствен: Овој единствен настан е единствен од тој вид во 2024 година кој ги нуди ексклузивните согледувања на водечките професионалци во областа Beauty & Health индустрија на едно место.
  • Големо и возбудливо: Бидете на местото каде што реномирани доктори ќе ги презентираат најновите трендови во естетската хирургија, а излагачите на саемот ќе ги презентираат најновите техники и третмани.
  • Брзо и лесно: Доживејте ја иднината на естетиката со брз и лесен пристап до најсовремените решенија за полесен и поубав пристап за себе и за своите потреби и цели.


Поврзани објави

Како до карти?

Лесно – само клик на: линк

Влезниците за 2.  Саем и Конференција Beauty & Health се во продажба!

Цена на влезниците:

  • 250 денари – редовна карта
  • 600 денари – ВИП-влезница (ограничен број). Добијте ексклузивен пристап! Искористете ја посебната можност да резервирате 10-минутна консултација со лекарите 1 на 1 по стручните предавања.  Консултациите можат да се закажат со праќање порака на Инстаграм. 
  • 1500 денари – ВИП-влезница за саемот и конференцијата (ограничен број). Со оваа влезница, покрај на саемот, ќе можете да присуствувате и на сите стручни предавања! Слушнете ги врвните професионалци од областа естетска хирургија, психологија, NLP, здравје и уште многу од нив. Дознајте повеќе за најновите трендови и иновации кои ќе ги подигнат на повисоко ниво вашата убавина и вашето здравје.
Меѓународни учесници на саемот:

На саемските штандови, покрај продажба и промоции, предвидено е и време за промоција на козметички апарати, препарати, за демонстрација и промоција на физикални третмани и козметички процедури, техники на нанесување шминка, рутина за нега на кожата, презентации на тема здрави животни навики, разговори на тема здрава исхрана, напитоци и физичка активност.

Лансирање на производи:

Со оглед на тоа што октомври е месец на подготовка за зимската сезона, кога сите размислуваме на кои сѐ области и здрави навики ќе се посветиме следната година, ова е одлична можност, со лансирање и презентација на нови производи, излагачите да се поврзат со другите излагачи, но и со посетителите кои сигурно се во потрага за најновите иновации во областа на естетиката и здравите животни навики.

Не ја пропуштајте можноста да бидете информирани за сите проверени и најнови информации од доменот на индустријата за здравје и убавина .

Следете нѐ на Инстаграм и планирајте го навреме своето време за 5 октомври!