Изгледот на популарниот фудбалер и тренер непосредно пред смртта бил полн со надеж.Синиша Михајловиќ со прераната смрт го растажи целиот свет, но пред сè семејството, кое бескрајно го сака. Неговата сопруга Аријана заедно со него и децата докрај ја водеше најтешката битка, а непосредно пред смртта, Миха не ја тргна насмевката од лицето.Имено, фудбалскиот шампион и голгетер своето време ѝ го посветуваше на внуката Виоленте, со која има безброј емотивни фотографии, како во семејните албуми, така и на Инстаграм.Неговата прекрасна сопруга се присети токму на една од нив, објавувајќи ја на својот профил за да им покаже на луѓето колку бил среќен Синиша пред да умре.На фотографијата, тој има широка насмевка на лицето благодарение на преслаткото бебе, а заклучокот од сè е дека починал мирен, знаејќи дека зад себе остава сè како што треба. Поврзани објавиНикогаш нема да го заборавам овој момент, кога ми рече дека си среќен. Не многу долго потоа, летна кон небото – гласи потресната порака на Аријана.На сликата се гледа дека Синиша никогаш не ја симнал широката насмевка од лицето и дека без разлика на болеста, бил среќен.Погледнете:
Сопругата објави трогателна фотографија (ФОТО) – Убавина и здравје
103
претходен текст