Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи.
АУРА на една читателка на „Убавина и здравје“ ѝ подарува сет од 8 нијанси на течната пудра Hydramatte, која обезбедува беспрекорна покривност на несовршеностите.
Hydramatte течната пудра дава чувство на хидратација на кожата во текот на целиот ден. Во комбинација со избрани состојки, добиена е формулација што се нанесува лесно и изедначено, давајќи чувство на свежина и хидратација.
И покрај саканиот мат-ефект, поради одбраните специјални пигменти, кои суптилно ја рефлектираат светлината, кожата изгледа блескаво. Надоградената текстура овозможува да се постигне посакуваниот степен на покривност.
Hydramatte течната пудра не содржи парабени ,масла, не е тестирана на животни и е вегански производ. Практичното пакување го спречува излевањето и расипувањето на производот.
Совет за нанесување: задолжително да се протресе пред употреба!
Со оглед на тоа што пудрата има средна до висока покривна моќ, доволно е да ја нанесете во тенок слој со прсти, со сунѓерест апликатор или со четкичка за течна пудра.
Поврзани објави
Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.
Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.
Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта.
Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!
Текст и фото: ПР