Се претпоставува дека неговото срце, за жал, не успеало да го издржи стресот од целата ситуација
Возачот на брза помош кој цела ноќ ги превезувал повредените од ужасниот пожар во дискотеката во Кочани, починал утрово. Колегите и вработените во Општата болница Кочани се во шок и се збогуваат со Иле Гочевски.
Поврзани објави
Тој го поминал целиот ден, извршувајќи ја својата должност и давајќи сè од себе да им помогне на повредените. По напорната вечер, се вратил дома да одмор, но не се разбудил. Се претпоставува дека неговото срце, за жал, не успеало да го издржи стресот од целата ситуација.
„Прерано нè напушти нашиот Иле Гочевски. Пријател кој несебично секогаш го даваше својот максимум. Не знаеше да каже не. Ништо не му беше невозможно – секогаш велеше: ‘Ќе биде направено, пријателе. Побрзајте – полека’. Што и да напишам, премалку е… Царството небесно на нашиот ангел“, пишува во една од објавите посветени на возачот на брзата помош од Кочани.
Катастрофалниот пожар што избувна во неделата во дискотеката во Кочани одзеде најмалку 59 животи, додека повеќе од 150 повредени се борат за живот во болниците.