Започна церемонијата на свеченото отворање и проекција на Канскиот хит-филмот „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино, кинематографер Дариа Д’ Антонио. Филмот е во официјалната селекција камера 300. Годинашен добитник на наградата Златна камера 300 за животно дело е францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој ќе присуствува на свеченото отворање и ќе ја прими наградата.
Добитничка на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е истакнатата полска кинематограферка – Јоланта Дилевска. На свеченото отворање ќе биде врачена и наградата што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) – „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.