Претседателот на Израел, Исак Херцог придружуван од градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, го посети споменикот на холокаустот во паркот на Вештачкото езеро во Тирана. Целта на посетата таму беше да се оддаде почит на жртвите, за да не се повторат вакви настани.
Ерион Велиај: Денеска го одбележуваме еден од најтрагичните настани во нашата човечка историја, истребувањето на 6 милиони Евреи. Грешките од минатото не треба да се повторуваат. Оние кои не се сеќаваат на минатото се осудени да го повторуваат“, напиша Џорџ Сантајана. Без разлика дали сте градоначалник, претседател, амбасадор или дури и обичен трговец… мораме да разбереме дека она што го кажуваме денес можеби навистина не предизвикува инстант физички раздор или судири, но долгорочно го труе општеството.
Претседателот Херцог изрази благодарност до Албанците кои ги спасија Евреите за време на Втората светска војна.
Исак Херцог: Оваа комеморација е извонредна! Рака во рака, срце во срце, луѓе од различни вери застанаа заедно против злото, одбивајќи да дозволат незнаењето и омразата да ги искриват нивните емоции и верувања во човечките суштества.
Посетата на споменикот на Холокаустот ја заврши агендата на израелскиот претседател во Албанија.
Post Views:
16
Извор : vesnik-ilinden.com
Израелскиот претседател го посети споменикот на Холокаустот во Тирана