Почетна СветРекордна фреквенција на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо 

Рекордна фреквенција на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо 

од nenad
1 минути читај за

На граничниот премин Џепиште-Требиште минале 51.080 патници, од нив странски 48.116 и 2.964 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 12.255 патници“, потврдуваат од министерството.

Зголемената фреквенција на  се должи, меѓу другото на подобрената патна инфраструктура. Тука, посебно со пуштањето во употреба на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), со кој оддалеченоста, од преминот до Тирана, сега изнесува 80 километри, што е намалување на оддалеченоста за стотина километри, како и реконсрукцијата на патниот правец Маврови Анови-Жировница, а претходно и делницата Живорница-Дебар.

Граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо е од локален карактер, па во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот.  Право да го користат имаат само жителите од областа Голо Брдо.

Извор : vesnik-ilinden.com

Рекордна фреквенција на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо